Cüneyt Karadağ
02 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Според една студија спроведена во Германија, бројот на членовите на црквите во земјата до 2060 година ќе се намали за 49 отсто и ќе изнесува 22,7 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во истражувањето спроведено од Истражувачкиот центар при Универзитетот во Фрајбург, истакнато е дека бројот на членовите на црквите, кој изнесува 44,8 милиони, до 2060 година се очекува да се намали на 49 проценти.
Според истражувањето направено во вкупно 47 католички и протестантски цркви во Германија, се наведува дека до 2060 година, како резултат на зголемените плати и стапката на инфлација, на црквите ќе им биде потребен буџет од 25 милијарди евра, но поради намалувањето на бројот на членовите можно е тие да имаат економски проблеми.