Ahmet Gürhan Kartal
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Двете страни претрпеа голем број жртви во текот на првиот ден од руската воена интервенција во Украина, но точните бројки во моментов не се познати, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со руски проектили лансирани од копно, воздух и море и со артилериското бомбардирање се напаѓа воената инфраструктура, особено командните, контролните и одбранбени инсталации за противвоздушна одбрана“, се вели во разузнавачкиот извештајот на Министерството.
Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово започна воена интервенција во Украина; руските сили ги гаѓаа клучните области на градовите со оружје и проектили.
Во извештајот на британското Министерство се наведува и дека руските сили од Белорусија напредуваат кон главниот град на Украина, Киев.
„Бомбардиран е аеродромот на периферијата на главниот град“, се додава.
„Украинските вооружени сили пружија силен отпор и продолжуваат да ги бранат клучните градови“, се наведува од Министерството.