İnci Gündağ
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) – Англија донесе одлука за испраќање на полициско засилување во Франција како мерка на претпазливост против евентуалното повторување на насилствта, поради кои Англија доби предупредување од страна на УЕФА за нејзина можна дисквалификација од Европскиот фудбалски шампионат (ЕУРО 2016), јавува Anadolu Agency (АА).
Англија ќе испрати полицајци за зголемување на безбедноста пред и по натпреварот кој треба да се одржи утре, во францускиот град Ленс, меѓу екипите на Англија и Велс, се вели во соопштението од британската Влада.
Испратените полицајци ќе бидат на патролна должност околу местото на натпреварот и на градската железничка станица, притоа идентификувајќи ги можните креатори на насилства, стои во соопштението, во кое не е наведен бројот на полициски службеници кои ќе бидат испратени.
На барање на француските власти, англиските полицајци ќе добијат и поддршка од страна на службеници од редовите на единицата на британската сообраќајна полиција, кои ќе бидат задолжени за јавниот ред и мир.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија, објави дека службените лица од конзулатот во Франција ќе бидат исто така подготвени за итна интервенција доколку има потреба од истата, испраќајќи апел до англиските навивачи кои немаат билет за натпреварот, да не патуваат во Ленс.
Од екипите во Б-групата, денеска во градот Лил, ќе играат Русија и Словачка, додека утре во градот Ленс, ќе се одигра натпреварот помеѓу Англија и Велс. Оддалеченоста помеѓу двата француски града изнесува 40 километри.
Француските власти донесоа одлука за затворање на продажните места за алкохол до петок, побараа порано затворање на баровите во среда и четврток, и задолжи распоредување на 4.000 дополнителни полицајци во градовите каде што ќе бидат одиграни натпреварите од Б групата, како превенција од можни акти на насилство.
Дваесет навивачи беа уапсени за време на интервенцијата на полицијата со солзавец, која мораше да ја спроведе француската полиција во градот Марсеј, при тридневните насилства кои се случија во текот и по натпреварот помеѓу Русија и Англија, што се оддржа на 11-ти јуни, при што 35 навивачи беа повредени, од кои четворица потешко.
Според изјавата од Комисијата за контрола, етика и дисциплина при УЕФА, расистичкото скандирање и вознемирувачките насилни активности, кои се одвиваа на Веледром стадионот во Марсеј, за време на натпреварот Русија-Англија, кој заврши со резултат 1:1, е причината за паричната казна од 150.000 евра за Руската Фудбалска Федерација, а доколку се случи повторно ќе биде причина и за нивна дисквалификација.