Bilal Acar
19 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија е длабоко загрижена за влошувањето на здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, Русија се повикува итно да го ослободи Навални кој е притворен од „политички причини“.
Во изјавата каде што се наведува длабоката загриженост за веста за влошувањето на здравствената состојба на Навални, се бара да им се овозможи на независни здравствени работници да ја проверат здравствената состојба на Навални.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални соопшти дека започнал штрајк со глад во затворот во кој се наоѓа, поради одбивањето на неговото барање за медицинска помош.
На Навални, кој со авион од руски Томск тргна кон Москва на 20 август 2020 година, му се слоши за време на летот поради што авионот слета во Омск, каде беше и хоспитализиран. Потоа се појави информацијата дека е затруен со супстанција што му е ставена во чај.
Од Омск е префрлен во Берлин. По лекувањето во главниот град на Германија, Навални по доаѓањето во Москва е уапсен на аеродромот.
Судот во Русија на опозиционерот Алексеј Навални му изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Руското Обвинителство го товари за повеќекратно кршење на условната слобода, што му е изречена на 29 декември.
Жалбата против притворот на Навални беше одбиена од страна на Судот на 28 јануари.