Tayfun Salcı
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, изјави дека официјален Лондон внимателно ја следи ситуацијата во врска со бранот масовни протести во Иран и порача дека од властите на Техеран очекува да овозможат дискусија за проблемите на кои укажуваат демонстрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон преку пишано соопштение изрази уверување дека постои потреба за легитимна дискусија за важните проблеми на кои укажуваат демонстрантите во Иран.
„Поминаа седум децении од усвојувањето на Општата декларација за човековите права во светот. Луѓето секаде би требалo да имаат право на слободно изразување на своето мислење и демонстрирање во законските рамки“, порача Џонсон.
Истакнувајќи жалење поради бројот на загинати за време на демонстрациите во иранските градови, Џонсон ги повика сите страни во Иран да ги почитуваат меѓународните норми за човекови права и да се држат понастрана од насилството.
Незадоволни со економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешед започнаа протести во четвртокот, кои брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови на таа земја.