Eshat Fırat
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ги пофали антивладините демонстрации во Иран, додека ја отфрли изјавата на иранскиот претседател Хасан Рохани за тоа дека Израел стои зад протестите во неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја слушнав изјавата на иранскиот претседател Хасан Рохани во која тврди дека Израел стои зад протестите во Иран. Тоа не е само лага, туку е и смешно“, изјави Нетанјаху.
Тој истакна дека европските земји останале неми на случувањата во Иран, додавајќи дека неговата земја сепак нема да молчи.
„Кога ќе падне иранскиот режим, Иранците и Израелците ќе бидат вистински пријатели. Се нaдевам дека иранскиот народ ќе успее во својата борба на патот кон слободата“, порача Нетанјаху.
Демонстрантите во Иран ги нарече херои, додека за иранската власт дека истакна дека е „брутален режим“ кој троши милијарди долари за да промовира омраза кон Израел.
Протестите против лошиот животен стандард во Иран започнаа во четвртокот, а потоа се проширија во неколку градови низ земјата.