Ekip
17 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
ВЕНЕЦИЈА
Венеција, познатиот италијански град по своите водни канали, поради кои се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО, е привлечен за туристите и во зимските месеци, особено во претпразничниот период, јавува Агенција Анадолија (АА).
Уникатниот тип на превоз во градот, подигнат на 118 острови разделени со канали и поврзани со мостови, се врши со пловни такси и гондоли.
Туристите кои доаѓаат да го посетат градот, уживаат во пејзажот преку обиколка со гондола низ водните канали околу зградите и куќите, кои речиси како да стојат на вода, архитектурата и историската текстура на градот.
Едни од најпосетуваните локации во градот, освен водните канали, се и Базиликата „Свети Марко“, Плоштадот „Свети Марко“, Големиот канал, мостот „Риалто“, најстариот мост од четирите моста на Големиот канал и други историски места во Венеција.