Zehra Ulucak
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
ХАНОЈ (АА) - Тајфунот Дари кој е активен во централниот и јужниот дел на Виетнам досега одзете 44 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Виетнамската агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека бројката на загинати од тајфунот Дати кој пред два дена ги зафатаи централниот и јужниот дел на земјата се искачи на 44 лица.
Официјалните претставници изјавија дека сѐ уште се трага по исчезнатиот 9-член екипаж на бродот кој потона на отоврено море во близина на градот Хањ Хоа, додавајќи дека спасувачките екипи успеале да спасат 88 лица кои се наоѓале на бродот.
Во меѓувреме, се дознава дека тајфунот бил причина за исчезнување на уште 10 лица. Од невремето се оштетени или урнати околу 116.000 домови.
За време на викендот ветерот достигна брзина од 150 километри на час. Невремето предизвика потонување на 228 рибарски бродчиња, а околу 30.000 хектари обработливо земјоште се наоѓа под вода. Јачината на тајфунот Дари предизвика кршење на стебла и уривање на електрични столбови, а во некои подрачја дојде до лизгање на земјиште.
Поради долготраји прекини на електрична енергија кои ги преизвика тајфунот, околу 40.000 лица се префрлени во безбедни подрачја.