Bahattin Gönültaş
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) - Бројот на лица кои во 2018 година мигрираа во Германија е помал за околу 34.000 во однос на претходната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Destatis) покажуваат дека во Германија минатата година мигрирале 1.585.000 лица, додека земјата ја напуштиле 1.185.000 лица.
Истовремено, минатата година Германија ја напуштиле 50.000 лица помалку отколку во 2017 година.
Бројот на лица кои во Германија дошле од 27 европски земји, за 202.000 е поголем од бројот на оние кои ја напуштиле. Најмногу луѓе во Германија мигрирале од Романија (68.000), Хрватска (29.000) и од Бугарија (27.000).
Во споредба со 2017 година, намален е и бројот на луѓето кои мигрирале од Сирија, односно од 60.000 на 34.000.