Selen Temizer,Aliia Raimbekova,Muhammed Shekh Yusuf
16 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
АСТАНА (АA) - Во главниот казахстански град Астана започна деветтиот круг на преговoри за решавањето на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Казахстан, Карат Абдарманов, на самиот почеток на состанокот потсети дека до сега вкупно се одржани осум рунди на преговори, кои, според неговите зборови, значително придонеле за воспоставување на примирјето на подрачјето на Сирија.
Абдарманов исто така нагласи дека од големо значење е вчера одржаниот прв состанок на работната група која е формирана за темите ослободување на заробените и уапсените, и идентификација на исчезнатите лица. Како што истакна, тоа ќе придонесе за јакнење на довербата меѓу страните во судир.
Тој исто така порача дека преговорите во Астана придонеле за преговорите во Женева, и предупреди на зголемување на напнатоста во одредени делови на Сирија. Абдрахманов ги повика Русија и САД да покренат конструктивен дијалог.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така констатираше голем придонес на преговорите во Астана, кога станува збор за решавање на кризата во Сирија.
Лавров, меѓу останатото, истакна дека процесот во Астана има темелна цел која се огледува во заштитата на територијалниот интегритет на Сирија, и дека ќе продолжи да дејствува во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН и одлуките усвоени на Конгресот за национален дијалог во Сочи.
Обраќајќи се на САД, шефот на руската дипломатија Лавров од Астана порача:
„Постојат одредени намери за промена на режимот во Сирија и формирање на помали територии под контрола на различни надворешни актери. Ваквиот пристап е во спротивност со преговорите во Астана. Сигурен сум дека сме на вистинска страна на историјата“
„Како и да се нарекува коалицијата на чело со САД таа ќе започне борба против Нусра фронтот и другите терористички организации“, изјави Лавров.
По обраќањето, состанокот на министерот за надврешни работи на Русија, Сергеј Лавров, турскиот министер Мевлут Чавушоглу и иранскиот министер Џавад Зариф е продолжен зад затворени врати.
За време на состанокот е планирано да се разгледаат резултатите на едногодишната соработка, и да се одредат анредните чекови во решавање на сириската криза.
Состанокот во Астана е своевидна подготовка за самитот на лидерите за случувањата во Сирија, кој ќе биде одржан на 4.април во Истанбул.