İdris Sülün
24 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека пред 50.000 години луѓето имале искуство за социјално вмрежување во Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Си-ен-ен“ (CNN), научниците откриле дека малите зрна од мониста им помагале на луѓето да создадат социјални мрежи десетици илјади години пред да се користат социјалните мрежи како што се Фејсбук, Твитер и ТикТок.
Археолозите низ Африка по 10 години истражување открија повеќе од 1.500 зрна направени од лушпи од јајца од ној.
Наведено е дека како резултат на долгорочното истражување на малите зрна од мониста, откриена е социјална мрежа која датира од пред 50.000 години.
Монистата во облик на прстен се меѓу најстарите лични украси во археолошките записи. Забележано е дека традиционалните групи ловци во Јужна Африка сѐ уште ги прават и ги користат украсите.
Џенифер Милер, истражувачка од Одделот за археологија на Институтот „Макс Планк“, истакна дека орнаментите, како и денешните венчални прстени, се користеле за да се пренесат пораки за социјалниот статус на луѓето, нивното богатство или нивната положба во општеството.
Во рамките на истражувањето проучувани се 1.516 зрна од пред 50.000 години пронајдени во 31 различен регион во Јужна и Источна Африка.
Откако се споредени својствата како што се дијаметарот и дебелината на зрната добиени на површина од 3.000 километри во Јужна и Источна Африка, заклучено е дека тие датираат од пред 33.000 до 50.000 години и дека речиси се исти.
„Генетски знаеме дека овие групи имаат некаков контакт меѓу себе, но засега немаме некој доказ од аспект на културната антропологија. Зачудувачки е што луѓето кои живееле пред 40 до 50.000 години имале некаква социјална мрежа распространета на толку големи растојанија“, рече Милер, авторката на студијата.
Временската разлика помеѓу зрната открива дека има информациска транзиција од околу 20.000 години. Од друга страна, фактот што зрната достигнуваат големи растојанија сугерира дека луѓето ги користеле за некаква комуникација.
Археолозите наведуваат дека наодите покажуваат дека најстарата социјална мрежа на светот е основана со помош на мониста.