Sayed Khodaberdi Sadat
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во експлозија на бомба во Нангархар, на источниот дел на Авганистан, загинаа 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот на Нангархар, Атаула Когјани, изјави дека бомбата поставена покрај патот во местото Маклани експлодирала во моментот кога по тој пат поминувало возило со цивили. Цивилите се движеле од Моманд Дара во Џалалабад.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.