Büşra Nur Bilgiç Çakmak
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
СОФИЈА
Во Бугарија е родено бебе со антитела на коронавирусот (Ковид-19) бидејќи мајката е заразена со вирусот во седмиот месец на бременоста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локално радио во Бугарија јавува дека 28-годишна бремена жена предвреме се породила на царски рез бидејќи инфекцијата на Ковид-19 предизвикала успорен раст на фетусот.
Предвременото породување следуваше откако трудницата е заразена со коронавирус, а и бебето и мајката моментално се надвор од животна опасност.
Лекарите соопштија дека бебето е родено здраво и дека станува збор за 46 центиметри долго и 2,75 килограми тешко бебе.
Бебето во крвта има антитела на коронавирусот, а мајката добро се опоравува по породувањето.
Во Бугарија во изминатиот ден се потврдени 570 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата е зголемен на 212,383, а вкупно починаа 8.565 заразени лица, вклучувајќи и 82 смртни случаи забележани во изминатите 24 часа.