Haydar Karaalp
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
БАГДАД (АА) - Во Багдад и во градовите во централните и јужните делови на Ирак повторно е блокиран пристапот до интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Во земјата и понатаму се во тек антивладините протести, а во Багдад и градовите во централните и јужните делови на Ирак е оневозможен пристапот до интернет.
Исто така во Багдад, припадниците на безбедносните сили, на мостот „Ахрар“, недалеку од Зелената зона, поставија бетонски бариери.
Припадниците на безбедносните сили и понатаму интервенираат против демонстрантите, а пукотници одекнуваат на неколку локации во градот.
Демонстрантите во Ирак бараат решавање на долгогодишната економска криза и подобрување на животниот стандард.
Демонстрациите се одржуваат од 1 октомври, а направена е пауза од неколку дена, за новиот бран антивладини протести да започне на 25 октомври.
За време на демонстрациите во Багдад и градовите во централните и јужните делови на Ирак, од почетокот на октомври загинаа повеќе од 200 лица, а околу 8.000 се повредени.
Обединетите нации (ОН) соопштија дека за време на протестите во Ирак загинале 229 демонстранти.