Ekipa
13 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
ГАЗА (АА) - Израелските напади, кои од синоќа траат во Појасот Газа, направија голема материјална штета на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Бомбардирњето предизвика паника кај населението на Газа кое утрото го дочека во урнатини.

Објективот на АА ги сними урнатините кои останаа зад израелските напади. Некои станбени објекти се уништени во потполност.
Меѓу уништените објекти се градинка и училиште. Материјална штета е причинета и на голем број куќи и деловни објекти.
Од Министерството за здравство на Газа потврдија дека во нападите, кои траат од синоќа, загинале шестмина, а ранети се 25 Палестинци. Во возвратениот оган на палестинските групи загина еден, а ранети се повеќе од 50 Израелци.

Во текот на изминатата ноќ, израелските бомбардери извршија жестоки напади во различни делови на блокираната палестинска енклава Газа.
Цел на нападите беше и полициска станица, две седишта на движењето Исамски џихад и зградата на телевизијата „Ал Акса“. Израел воздушните напади ги започна по наводните ракетни напади од подрачјето на Газа.
Израелската Војска тврди дека во понеделникот од Газа на Израел се истрелани повеќе од 300 ракети и дека поголемиот дел од нив се пресретнати со одбранбен систем или паднале на ненаселени полиња. Во ракетните напади се ранети 29 Израелци.
Од ОН повикаа на прекин на судирите во Газа.