Ikrame Imane Kouachi
12 Мај 2024•Ажурирај: 13 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 63 Палестинци загинаа, а 114 се повредени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, јавува Анадолу.
„Во изминатите 24 часа израелските окупаторски сили извршија нови масакри врз семејствата во Појасот Газа, во кои убиени се уште 63 лица, а ранети уште 114“, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Газа.
Во соопштението се наведува дека многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив поради континуираните израелски напади.
Прекршувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година загинаа најмалку 35.034 Палестинци, главно жени и деца, а 78.755 се ранети.