Muhammet Kurşun
12 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
ТЕХЕРАН
Иранските власти во сабота го погубија новинарот Рухулах Зем, кој беше уредник на опозицискиот веб-портал „Амедњуз" (Amednews), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот Зем е погубен утрово откако Врховниот суд ја потврди одлуката на Револуционерниот суд, јави агенцијата ИРНА.
„Амедњуз", кој во својот назив ја носеше кратенката „подигнување на свеста, борбата, демократијата", започна со работа во 2015 година преку социјалната мрежа Телеграм. Истакнувајќи се со вестите кои го критикуваа режимот, порталот за кратко време достигна милион следбеници, а згаснат е во 2017 година.
Порталот потоа продолжи да делува под името „Седаимардом" (Гласот на народот), под уредништво на Зем, кој е уапсен во октомври во 2019 година, под обвиение дека „спроведува антиреволуционерни активности".
Револуционерниот суд го осуди Зем на смрт во јуни, под обвинение дека „предизвикува неред во земјата".