Mustafa Melih Ahıshalı
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Во 21 иранска провинција утрово се отворија избирачките места во рамките на вториот круг од парламентарните избори во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед на тоа дека во првиот круг од парламентарните избори во Иран, ниту еден од кандидатите не успеа да освои 25 отсто од гласовите, денес во 21 иранска провинција започна вториот круг на гласање. За останатите 68 места во 290-члениот ирански парламент се борат 136 кандидати.
Околу 17 милиони регистрирани гласачи во Иран ќе можат да гласаат од 08 до 19 часот по локално време.
Првиот круг од парламентарните избори во Иран се одржаа на 26-ти февруари оваа година.
Сојузниците на иранскиот претседател Хасан Рухани, реформистите, кои се залагаат за поголеми демократски промени, во првиот круг од парламентарните избори победија во сите 30 места предвидени за Техеран.
Од вкупно 56 изборни единици надвор од главниот град, 19 победи имаат конзервативците во 9 сојузниците на Рухани а во 14 изборни единици победија независни кандидати.
Избори за новиот состав на иранскиот парламент и верско тело познат како Собрание на експерти се први избори откако Техеран постигна нуклеарен договор со светските сили, минатата година. Гласањето во голема мера претставува референдум за работата на претседателот Рухани откако по 2015 година е постигнат нуклеарниот договор со кој на Техеран му се укинати меѓународните санкции во замена за ограничување на неговите нуклеарни активности.
Рухани се надева дека сојузот со реформистите ќе може да ги елиминира или барем да го ограничи влијанието на доминантните конзервативци во парламентот, што ќе му овозможи спроведување на општествените и политички реформи.