Sinan Doğan
06 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
БОГОТА (АА) - Во Мексико, која важи за една од најопасните земји во светот во однос на новинарската професија, убиен е уште еден новинар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во мексиканските медиуми, безживотното тело на Луис Енрике Рамирез кој работел како колумнист за локален весник, е пронајдено во градот Кулиакан во државата Синалоа.
Сара Квинонез, обвинителката на Синалоа, во објавата на својот профил на Твитер вели дека потврдиле дека телото пронајдено на патот е на 59-годишниот Рамирез.
Репортери без граници во Мексико истакнаа дека безживотното тело на Рамирез е пронајдено завиткано во пластична кеса и дека доказите покажуваат дека дефинитивно се работи за убиство.
Портпаролот на Владата, Хесус Рамирез, исто така, на својот профил на една од социјалните мрежи сподели дека соработуваат со локалните власти за да го расветлат инцидентот и дека убиецот нема да помине неказнето.
Со тоа, бројот на убиени новинари во земјата од почетокот на годинава се зголеми на 9.
- Од 2000 година досега се убиени 152 новинари -
Според Репортери без граници, од 2000 година во Мексико се убиени 152 новинари.