Ekipa
06 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ДУХОК (АА) - Дански велосипедист почина од повредите вчера, откако неговиот велосипед удри во нагазна мина во покраината Духок во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нагазната мина, поставена од терористите на ПКК во селото Кани Маси во подрачјето на Амеди, се активирала кога двајца дански велосипедисти минувале низ подрачјето“, објавија локалните медиуми.
Еден од велосипедистите им подлегнал на повредите.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.