Can Erözden
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
РИМ (АА) - Најмалку две лица загинаа во силна бура и торнадо кои синоќа го погодиja италијанскиот град Ладисполи, 25 километри северозападно од Рим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Италијанската новинска агенција АНСА јавува дека меѓу загинатите е и еден странски државјанин, кој настрадал откако врз него се срушил надворешен дел од ѕид на зграда.
Втората жртва е 61-годишно лице, кое, како што јавуваат локалните медиуми, загинало од тешки повреди здобиени откако врз него паднало стебло во градот Чезано.
Најмалку 20 лица се повредени во бурата која корнеше дрвја во Ладисполи и околните места.
Торнадото е последен во низата природни катастрофи, кои изминатите недели ја погодија Италија.
Централниот дел на Италија минатата недела ја погоди земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер. Во потресот се срушија повеќе згради, но немаше човечки жртви.
Земјотресот на истото подрачје во август срамни со земја неколку помали градови, при што загинаа речиси 300 лица.