Mehmet Hatipoğlu
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
КОМОТИНИ
Најмалку две лица смртно страдаа во силното невреме кое го зафати грчкиот полуостров Еубеја (Евиа), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека силното невреме почнало во утринските часови. Се излеа реката Масапиту и поплави многу куќи и деловни објекти во регионите Псахна, Политика и Лефканда.
На тоа подрачје се испратени спасувачки екипи. Пронајдени се тела на 86 годишно машко лице и 85 годишна жена. Исчезна осумесечно бебе.
На југот на полуостровот во куќите се заглавени голем број лица, затворени се патиштата, а причинета е материјална штета на куќите, автомобилите и деловните објекти.
Од Цивилната заштита на Грција е наведено дека во регионот ќе продолжат лошите временски услови, а граѓаните ги предупредија да преземат мерки на заштита.