Mahmut Geldi
09 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
БЕЈРУТ
Еден безбедносен службеник загина, додека 238 лица се повредени во демонстрациите организирани во либанскиот главен град Бејрут, организиран од страна на демонстранти кои протестираат против либанската администрација која ја сметаат за одговорна за силната експлозија која се случи на 4 август на пристаништето на Бејрут, при што загинаа 158 лица, додека повредени се над 6.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници лица се собраа на плоштадот на Шехиди во центарот на Бејрут, кои извикаа пароли против либанскиот претседател Мишел Аун и други функционери, како и против секташко-ориентираниот начин на администрација која го штити постоењето на политичките групи кои долго време ја споделуваат власта.
Демонстрантите сакаа да се движат кон парламентарната зграда, додека безбедносните сили користејќи солзавец ги спречија нив. Демонстрантите одговорија со фрлање камења против безбедносните службеници.
За време на протестот запалени се некои продавници како и еден камион.
Според соопштението на Одделот за внатрешна безбедност на Либан, безбедносните сили се обиделе да ги отрстранат некои граѓани кои се засолните во еден хотел, во чии рамки била предизвикана тензија од страна на провокаатори во хотелот.
Во соопштението се вели дека како резултат на тензијата, еден безбедносен службеник паднал и го загубил својот живот, додека негирани се тврдењата дека ова лица загинал како резултат на отворен оган.
Одделот за внатрешна безбедност на Либан соопшти дека за време на демонстрациите на плоштадот на Шехидите, приведени се 5 лица.
Во соопштението на Црвениот крст на Либан се вели дека како резултат на тензиите меѓу безбедносните сили и демонстрантите на плоштадот, повредени се 238 лица, од кои 63 се пренесени во болница.
- Демонстрантите упаднаа во објектот на министерските згради
Додека траеше протестот на Плоштадот на шехидите кој се наоѓа во близина на парламентарната зграда и премиерската палата, група пензионирани офицери упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи која се наоѓа во подрачјето на Ешрефије.
Овие офицери кои во зградата на Министерството за надворешни работи влегоа без да бидат изложени на интервенцијата на безбедносните сили, извикуваа пароли како „Бејрут ќе биде разоружен град“, и „Бејрут е град на револуција“.
Демонстрантите кои нагласија дека оваа министерска зграда ќе го претворат во седиште на револуцијата, ги запалија фотографиите на либанскиот претседател Аун и на поранешниот министер за надворешни работи Џибран Басил, кој е зет на Аун.
Демонстрантите ја напуштија зградата на Министерството за надворешни работи по неколку часовното убедување од страна на војниците.
Исто така, демонстрантите упаднаа и во зградите на Министерството за економија и животна средина и на Министерството за енергетика, каде ги оштетија канцелариите.
Демонстрантите влегоа и во зградата на Сојузот на банки.
Безбедносните сили, со поддршка на војската, ги заштитија министерските згради.