Gökhan Kavak
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АБУЏА (АА) - Во сојузната држава Баучи на западноафриканската држава Нигерија, од почетокот на годината поради треската ласа починаа 41 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Агенцијата за примарен здравствен развој во сојузната држава Баучи (BASPHCDA), д-р Рилвану Мухамед, во изјавата за медиумите нагласи: „Многу случаи на ласа треска се пријавуваат доцна, затоа стапката на смртност се зголемува.“
„Само во државата Баучи од јануари поради треската ласа починаа 41 лице“, истакна Мухамед.
Упатувајќи повик до јавноста, Мухамед рече: „Државната администрација презема различни чекори за да го намали бројот на смртни случаи од треската ласа. Граѓаните исто така треба да обрнат внимание на хигиената.“
Од јануари, скоро 1.000 случаи на треската ласа се идентификувани во 29 сојузни држави во земјата, а околу 200 луѓе починаа.
Треската ласа е регистрирана во многу африкански земји како што се Мали, Того, Гана, Либерија и Сиера Леоне. Во Нигерија за првпат се појави во сојузната држава Борно, на североисточниот дел на земјата во 1969 година. Болеста се пренесува преку изметот на глувци, а се пренесува и од човек на човек.