Mustafa Deveci
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи (58), е пронајден мртов во неговата резиденција во градот Херцлија, северно од Тел Авив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на амбасадорот Ду Веи, но не даде детални информации за настанот.
Полицијата започна истрага за смртта на амбасадорот.
Израелскиот печат напиша дека според првичните наоди на истрагата на полицијата Веи починал од срцев удар и оти на неговото тело немало знаци дека е нападнат.
Ду Веи во февруари беше назначен за амбасадор во Израел.