Muhammed Nuri Erdoğan
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во полициска акција во Ескишехир неутрализирани се двајца терористи, членови на терористичката група МЛКП, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека станува збор за двајца терористи кои во Адана извеле напад врз возило кое ги надминало припадниците на специјалната полиција.
„Припадниците на полицијата на Ескишехир и Адана координирано изведоа операција на објектот во кој се наоѓале двајца терористи на МЛКП, Фират Серан и Озан Сокмен, кои на 25 септември во Адана извеле терористички напад врз возилото во кое се наоале полицајци", се наведува во соопштението.
Се додава дека во операцијата се убиени двајца терористи, додека двајца припадници на полицијата добија полесни повреди.