Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
05 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ИДЛИБ (АА) - МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ / АХМЕТ КАРААХМЕТ –
Во деескалациската зона во сириски Идлиб, една година по прекинот на огнот кој стапи на сила по потпишувањето на договорот меѓу Турција и Русија, 282.544 цивили се вратија во своите домови.
Шефот на Координацијата за дејствување во Сирија, Мухамед Халај, во изјавата за АА се осврна на податоците за миграцијата.
Наведувајќи дека цивилите почнале да се враќаат во своите домови откако режимот на Башар ал Асад и неговите приврзаници ги прекинале своите воени операции, Халај рече:
„Околу 56.308 семејства или 282.544 цивили се вратија во населените места во Идлиб и Алепо за една година по прекинот на огнот.“
Халај, посочувајќи дека на оние што се вратиле во своите домови во голема мера им е потребна помош од невладини организации, рече дека цивилите треба да обрнат внимание и на остатоците од неексплодираните бомби.
Тој исто така наведе дека се очекува повеќе цивили да се вратат во своите домови доколку продолжи прекинот на огнот.

- „Турските војници се тука, нема напади со авиони“ -
Нехиде Хиндеви која се врати во својот дом во Џебели Завије на истокот на Идлиб, рече дека поради нападите на режимските сили морала да го напушти својот дом и да се смести во камповите.
„Претходно, авионите вршеа интензивни воздушни напади. Сега турските војници се тука, нема авионски напади и ние безбедно ја вршиме нашата жетва“, рече Нехиде Хиндеви.
- „Се вративме во нашето село откако Турција ја осигура безбедноста“ -
Ахмед Фатух ,пред 13 месеци поради интензивните напади на силите на режимот на Башар ал Асад бил принуден да го напушти својот дом во Џебели Завије.
„Се вративме во нашето село откако Турција ја осигура безбедноста“, нагласи Ахмед Фатух.
Подвлекувајќи дека силите на режимот на Асад одвреме-навреме го кршеле примирјето, Фатух рече: „Сега имаме добар живот. Се надевам дека нема да бидеме принудени повторно да мигрираме. Русите немаат принципи, прописи и кредибилитет да се држат до своите ветувања. Ние најпрвин веруваме во Бога, па потоа во Турците.“

Абдо Кенан истакна дека се вратиле во својата татковина поради договорот меѓу Русија и Турција, и дека се загрижени од можноста режимот на Асад повторно да продолжи со нападите.
- Ситуацијата во Идлиб -
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациска зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи заедно со Русија се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, што режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.