İdris Okuducu
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
МOСУЛ (АА) - Силите на Пешмерга презедоа три населени места од ДЕАШ во североисточниот дел на Мосул, вториот по големина ирачки град, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Генералштабот на Курдската регионална влада во Ирак (ИКБЈ) Џемал Мухамед, во изјава за АА рече: „Во седмиот ден од операцијата за ослободување на Мосул, силите на Пешмерга продолжуваат да напредуваат на фронтовите во Наверан и Башика“.
Мухамед пренесе дека и на двата фронта силите на Пешмерга успеале да преземат под контрола три села. „Во фронтот Наверан и Башика нашите сили презедоа под контрола 3 села и сега напредуват кон останатите“, рече тој.
Силите на Пешмерга успеаја да навлезат во селата Омер Камчи, Фазилије и Тирбизе, а борбите во Тизираб продолжуваат.
Единиците на специјалните сили поврзани со ирачката Курдска регионална влада блиску се да се соединат во истата линија со фронтовите во Башика и Наверан. Исто така беше објавено дека на почетокот на операцијата во селото Омер Камчи припадниците на ДЕАШ извеле напад со возило-бомба, но дека силите на Пешмерга употребувајќи противтенковски водени проектили МИЛАН успеале да ги неутрализират нападите на ДЕАШ.
- Иранските курди се на фронотот за да им помогнат на Пешмерга -
Заменикот претседател на Курдската партија на слободата (опозициски настроена кон Иран), Хусеин Језданпенах, во изјава за АА истакна дека учестувуваат во борбите со цел да им дадат поддршка на силите на Пешмерга, којшто се поврзани со ИКБЈ.
Со операцијата, што започна во раните утрински часови, се очекува ослободување на населеното место Башика од ДЕАШ, којашто се наоѓа на 20 километри од Мосул.
Градот каде што претежно живее христијанско и језидско население, над 2,5 години се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ.
Турските војници од минатата година се присутни во подрачјето на Башика со цел обука на „Единиците на Нинива“ коишто ги сочинуваат војници од Мосул. Кампот се наоѓа на само неколку километри од местото каде што се водат интезивни борби.