Ramazan Turgut
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
РИЈАД (AA) – Во главниот град на Саудиска Арабија денес започна самит на Советот за соработка на земјите од Персискиот залив (GCC) и Соединетите Американски држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за еднодневен самит кој ќе се одржи во палатата Дирије во Ријад, а започна со заедничка фотографија на учесниците меѓу кои се претседателот на САД Барак Обама и саудискиот крал Селман бин Абдулазиз.
Во рамките на самитот ќе се разговара за состојбата во Сирија и Јемен, цените на горивата, ставовите на Иран кои за мета ја имаат регионалната стабилност како и за борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Покрај Обама и Абдулазиз, на самитот во Ријад присуствуваат и катарскиот емир Темим бин Хамад Ал-Тани, кувајтскиот емир шејх Сабах Ал-Ахмед Ал-Џабир Ал-Сабах, принцот на Абу Даби Мухамед бин Зејед ал-Нахиан, претседателот на парламентот на Оман Фахд бин Махмуд, кралот на Бахреин Хамд бин Иса Ал-Халифа, министерот за внатрешни работи на Саудиска Арабија принцот Мхамед бин Најиф Абдулазиз, генералниот секретар на "GCC" Абдулатиф Ал-Зејнели и другите функционери.
Во текот на самитот ќе бидат одржани три одвоени состаноци.