Adam Abu-bashal
07 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АБУЏА
Дваесет лица ги загубија животите во сообраќајната несреќа до која дојде при судир на автобус и друго возило во федералната држава Кано во Нигерија, известува Агенција Анадолија (АА).
Самуел Аруван, комесар за внатрешна безбедност и внатрешни работи на државата Кадуна, соопшти дека на патот Кано - Зарија се случила сообраќајна несреќа меѓу патнички автобус и друго возило во подрачјето Кауран Вали.
Аруван информираше дека според првичните проценки во несреќата животот го загубиле 20 лица, а дека има и голем број повредени.
Тој соопшти дека повредените се префрлени во болница, додавајќи дека некои од повредените се во тешка состојба и дека се загрижени поради можноста за зголемување на бројот на починати.
Аруван, посочувајќи дека причина за несреќата може да е прекумерната брзина, ги предупреди возачите да бидат повнимателни.