Şenhan Bolelli
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
МАДРИД
Во Мадрид, главниот град на Шпанија, се одржаа антирасистички демонстрации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здружението наречено CNAAE, основано од афроамериканската заедница што живее во Шпанија, одржа протест на плоштадот во Мадрид по повод првата година од неговото основање.
Претставниците на CNAAE, основано во рамките на меѓународните реакции што започнаа во врска со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското насилство на 25 мај 2020 година во Минеаполис, САД, истакнаа дека во Шпанија последниве години се зголемени расизмот и криминалните дела од омраза.
„Во Шпанија сè уште нема политичка желба да се реши проблемот со расизмот. Треба да се спречат физичките и вербалните напади, особено против малолетните Афроамериканци. Законите во Шпанија за имигрантите и странците продолжуваат да нè казнуваат. Расизмот, кој често го среќаваме во секојдневниот живот, веќе треба да исчезне“, се нагласува во манифестот што беше прочитан на протестот.
CNAAE соопшти дека слични демонстрации ќе се одржат на 12 јуни во Барселона.
Во податоците објавени од Министерството за внатрешни работи во мај, се истакнува дела во последните години има пораст од 20 проценти на криминалните дела од омраза поврзани со расизмот во земјата.