Gülbahar Sayım,Peter Kum
18 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
БАНГИ
Околу 20 лица загинаа во судирите меѓу сепаратистите и платениците во Централноафриканската Република (ОАЦ), известува Агенција Анадолија (АА).
Виктор Бисекоин, регионалниот гувернер на областа Уака, сместена во централниот дел на земјата, за Агенција Анадолу (АА) изјави дека продолжуваат судирите што викендот избија во селото Бојо меѓу сепаратистите, кои се дел од вооружената група на Единицата за мир на Централноафриканската Република, и платените војници.
Соопштувајќи дека во судирите загинале скоро 20 лица, од кои повеќето цивили, Бисекоин посочи на фактот дека бројот на смртни случаи може да се зголеми поради продолжувањето на судирите.
Бисекоин истакна и дека безбедносните сили на 14 мај од градот Бамбари ги протерале сепаратистите на Единицата за мир на Централноафриканската Република, кои се повлекле во селото Бојо.
ОАЦ и руските официјални лица во август 2018 година потпишаа воен договор за заедничка борба против насилството во земјата. Според овој договор, руските сили беа овластени да ги обучуваат војниците на ОАЦ за безбедносните прашања.
Покрај руските војници, и војниците од Руанда ги поддржуваат безбедносните сили кои се борат против насилствата во ОАЦ.