Nurten Aslan
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во конфликтот помеѓу турските безбедносни сили и припадниците на терористичката организација ПКК во област Дијарбакир, во југоисточна Турција, беше убиен полицаец, а други десет беа повредени, додека пак тројца терористи беа убиени, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата терористи во понеделникот навечер блокираа неколку патишта и запалија неколку возила.
Терористите се обидуваа да постават замки во споредните улици, а потоа со оружје од голем калибар ги нападнаа полицајци.
Во конфликтот помеѓу припадниците на безбедносните сили на Турција и припадниците на терористичката организација ПКК, повредени се 11 полицајци. Еден од повредените полицајци им подлегна на повредите во болница.