Mutlu Demirtaştan
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) ја казни Русија со условна дисквалификација и 150.000 евра парична казна, поради навивачкиот неред за време на натпреварот со Англија, на 11-ти јуни, во Марсеј, јавува Anadolu Agency (AA).
Контролната, етичката и дисциплинска комисија на УЕФА изјави дека руската фудбалска федерација е казнета со условна дисквалификација и парична казна од 150.000 евра, поради нередот на стадионот Велодром во Марсеј, на 11-ти јуни, за време на натпреварот меѓу Русија и Англија.
Руската фудбалска федерација ги казни навивачите на стадионот за расистички пароли и вознемирувачки активности.
Во случај да се повтори сличен инцидент внатре во стадионот, екипата на Русија ќе биде дисквалификувана, објавија од УЕФА.