Gamze Türkoğlu Oğuz
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
МЕКСИКО (AA) - Најмалку 14 лица загинаа во судирите меѓу вооружени лица и безбедносните сили на границата на Мексико со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мигел Ангел Рикелме, гувернер на државата Коауила, за локалните медиуми изјави дека вооружени лица со камиони упаднале во градот Вила Унион, нападнале згради на локалните власти, а интервенирале сојузните власти.
Судирот траеше еден час, а меѓу 14-те загинати лица се четворица припадници на безбедносните сили. Рикелме рече дека безбедносните сили ќе останат во градот уште неколку денови за да обезбедат мир.
Повеќе од 300.000 луѓе се убиени во судирите во Мексико, кои почнаа со картелите во 2006 година. Раселени се повеќе од 340.000 Мексиканци, а исчезнаа речиси 40.000 лица.