Elena Teslova
02 Јули 2024•Ажурирај: 03 Јули 2024
МОСКВА (АА) - Најмалку едно лице загина, а девет се повредени во украинскиот напад врз рускиот регион Белгород во текот на изминатиот ден, објави денес гувернерот Вјачеслав Гладков, јавува Анадолу.
„Вчера беа повредени девет цивили. Двајца се во тешка состојба. На наше големо жалење загина еден жител на Нова Таволжанка“, напиша Гладков на Телеграм.
„Според официјалните лица, во гранатирањето на градот Белгород оштетени се 39 приватни куќи, помошна зграда и 19 автомобили. Над десетина други населени места исто така претрпеа штети од гранатирањето“, рече Гладков.
Тој тврди дека украинските војници испукале десетици гранати и беспилотни летала.
Според неговите зборови, некои успеале да ги соборат со помош на системи за противвоздушна одбрана, додека други стигнале до своите цели.
Руското Министерство за одбрана објави видео во кое наводно се гледа напад на украинскиот воен аеродром во близина на градот Миргород во областа Полтава.
„Како резултат на нападот на руската Армија, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони Су-27, а оштетени се два кои се поправаат“, соопшти Министерството.
Украина сѐ уште не ги коментираше руските тврдења.