Şenhan Bolelli
20 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Најмалку 12 мигранти загинаа, а 12 се исчезнати во Алборанското Море, кое се наоѓа на западниот дел на Средоземното Море меѓу Шпанија и Мароко, јавува Anadolu Agency (AA).
Од шпанскиот Црвен крст е потврдено дека во бротче се пронајдени 11 тела, меѓу кои и една бремена жена. Уште едно лице го загуби животот во болница. Исчезнаа 12, а спасени се 31 мигрант.
Официјалните претставници соопштија дека бротчето го напуштило Мароко на 18 декември. На тоа подрачје се трага по уште три бротчиња.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозеп Борел, ги повика денес во Парламентот сите политички партии да ја запрат дискриминаторската и националистичката реторика против мигрантите.
Според податоците на ОН, од почетокот на годината во Шпанија пристигнаа повеќе од 61.500 мигранти, кои бегаат од насилство или од сиромаштија. Речиси 55.000 пристигнаа по морски пат.