Rauf Maltaş
20 Декември 2018•Ажурирај: 21 Декември 2018
ШАНЛИУРФА (АА) - РАУФ МАЛТАШ
Претседателот на Курдското незаисно дижење во Сирија (СБКР), Абдулазиз Темо, во врска со терористичката организација ПЈД/ПКК и Демократската партија на Курдистан (КДП), истакна дека овие две организации претставуваат проблем за Курдите во Сирија, и додаде „Ние како сириски Курди не сакаме да бидеме искористени како оружје и играчка од страна на Америка“.
Темо, во разговор со АА по работилницата на тема „Каде со сириските Курди“, организирана под водство на СБКР во турскиот град Шанлиурфа, нагласи дека во Сирија се наоѓаат различни курдски групи, и дека на чело на овие групи се наоѓаат припадници на терористичката организација ПЈД/ПКК и на Демократската партија на Курдистан (КДП).
Темо рече дека двете групи ги сметаат за терористички организации, и дека тие се уморни од штетата која ја предизвикуваат овие организации во Сирија. Тој тврди дека терористичката организација ПКК и Демократската партија на Курдистан (КДП) заедно дејствуваат во Сирија.
„Двете организации добиваат наредби однадвор, двете организации не се управуваат оттука, туку однадвор. Двете организации се проблем за сириските Курди. Ние како сириски Курди сакаме самите да управуваме со себеси. Не сакаме да бидеме оружје и играчка во рацете на Америка. Не сакаме некој да дојде однадвор и да нѐ управува. Не се согласуваме КДП и ПКК да одржуваат состаноци и не прифаќаме да прават нешта и да носат одлуки во наше име. Не ни се допаѓа, и никогаш нема да го прифатиме тоа. Не ги сакаме оние кои соработуваат со терористичката организација ПЈД/ПКК и гласно го кажуваме тоа. Сириските Курди сакаат да се спасат од секоја терористичка организација. Не сакаме преку нашата крв другите да ги реализираат своите амбиции. Не сакаме преку нашата крв, тие да им бидат слуги на другите земји. Ние како сириски Курди можеме да го заштитиме нашето право, можеме да зборуваме и имаме право на збор“, додаде тој.
Темо нагласи дека голем број Курди биле принудени да ја напуштат својата земја и татковина поради суровоста на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Тој истакна дека една можна операција на Турција во источниот дел на Еуфрат би ја олеснила состојбата на милиони лица.
„Над еден милион Курди од Сирија, бегајќи од суровоста на ПКК, отидоа во Европа и Турција. Верувам дека можната операција на Турција (во источниот дел на Еуфрат) ќе биде успешна. Турција за кратко време ќе добие резултати тука. Сите овие терористи ќе бегаат и Турција ќе им ја олесни состојбата на милиони лица. Во источниот дел на Еуфрат, односно во зоните под контрола на ПЈД/ПКК живеат околу 3 милиони лица. Дел од нив се Арапи, а дел од нив, Курди. Со операцијата која ќе биде успешна, милиони Сиријци, вклучувајќи ги и оние кои се надвор, ќе добијат слобода“, рече Темо.
- „Пешмергите во Сирија се луѓе на Кандил и Барзани“
Темо тврди дека сириските Пешмерги не сакаат да војуваат против терористичката организација ПЈД/ПКК.
„Всушност, тие не се Сиријци, дел од нив се млади кои во 2012 година избегале од војна, а подоцна се регрутирани од страна на Барзани. Тие се сметанаат и како вооружена сила на Националниот курдски совет во Сирија (ENKS). Тие не се наши луѓе. Кога им рековме ’дојдете да водиме борба против терористичката организација‘, тие ни рекоа ’не ни дозволува Кандил‘. Ако чекаш да добиеш дозвола од Кандил, значи ти не си човек оттука“, рече Темо, и додаде:
„Овие Пешмерги се Пешмерги на Барзани. Ако овие навистина беа Пешмерги на Сирија, ќе војуваа против терористичките организации ПКК и ДЕАШ за да ги заштитат сопствената татковина, територија и чест. Не се враќаат бидејќи знаеме дека се луѓе на Кандил и Барзани.“
- Курдскиот народ го сметаат за пион
„Прашањето за тампон-зона е целосна имагинација, сите го сметаат курдскиот народ за пион, се обидуваат да го користат како шаховска фигура. Преку Курдите сакаат да ги реализираат своите амбиции. Ова е една игра направена од страна на Барзани, заедно со Америка и ПКК, но нема да успее. Обидот за формирање тампон-зона не е нешто друго, освен измама. Нема да успее“, рече Темо, осврнувајќи се на тврдењата за тампон-зона во северниот дел на Сирија.
Темо истакна дека ја поддржуваат можната операција на Турција во источниот дел на Еуфрат.
„Со првата операција во Сирија, Турција го спаси регионот од тероризам. Со втората операција ја обезбеди изградбата и реконструкцијата на регионот“, нагласи Теммо, и додаде:
„Со третата операција ќе продолжи борбата против тероризмот. Со цел да има добро финале, Сирија треба да добие целосна независност и слобода. Со третата операција која во регионот ќе се реализира во краток рок, на дневен ред ќе биде чистење на регионот од тероризмот и осигурување на безбедноста.“