Ayşe Sümeyra Aydoğdu
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
МАРИБ (АА) - Во првата половина на 2018 година, во Јемен се убиени 8 новинари и во голема мерка се прекршуваат правата на претставниците на медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за набљудување на слободата на печатот кој е дел од Истражувачкиот и економски информативен центар (SEMC) објави извештај во кој објави дека во првата половина на 2018 година, во Јемен се регистрирани 53 прекршоци врз претставниците на медиумите.
Во извештајот се вели де на чело на овие прекршоци врз медиумите се убиства на 8 новинари, додека во преостанатите прекршувања, станува збор за ранување, киднапирање, насилство, закана и напади врз медиумски центри.
Поголемиот дел од прекршувањата врз медиумите, као што се наведува во извештајот, се извршени од страна на Хусите, но се додава дека прекршоци врз претставници на медиумите спроведувале и провладините сили и коалициските сили предводени од Саудиска Арабија.
Во извештајот се потсетува дека поради лошиот третман на медиумите, Јемен минатата година бил поставен на црната листа, додавајќи дека прекршувањата на правата на медиумите и притисоците врз нив во оваа земја станале познати во светот. Во исто време, во изештајот се истакнува дека откако се отстранети правата кои ја заштитуваат безбедноста на жртвите, виновниците почнале да се чувствуваат далеку од правдата и казните.
Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност и судири меѓу Хусите и силите на легитимната власт во Јемен. Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја. Коалициските сили, под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.