Sinan Doğan
15 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
БОГОТА
Според првичните информации, 16 лица загинаа во судирите меѓу наркокартелите во мексиканската држава Закатекас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мексиканските медиуми, настанал вооружен судир со тешко оружје меѓу ривалските организирани криминални групи во различни делови на државата, поради тоа што сакаат да го контролираат патот на дрогата до САД.
Според очевидци, досега во регионот се пронајдени телата на 16 лица што се убиени за време на вооружената пресметка меѓу групите, кои брутално се напаѓале едни со други во текот на целиот ден.
Гувернерот Алехандро Тељo, наведувајќи дека не се во можност да ја одржат контролата во провинцијата, побара поддршка од централната Влада.
Држава Закатекас, која е од стратешка важност за наркокартелите, често е место на вооружени пресметки меѓу најмоќните картели во земјата.
Минатата година во оваа мексиканска сојузна држава беа убиени 1.065 луѓе, а од почетокот на годината досега убиени се над 800 лица.
Наркокартелот „Халиско од следната генерација“ (СПЈН), што се смета за најмоќна и најнасилна криминална организација во Мексико, се бори со картелот „Синалоа“ и другите групи за контрола на регионот и неговата околина.