Ruslan Rehimov
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
БАКУ (АА) - Војската на Азербејџан сруши едно беспилотно летало на Ерменија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека е срушено беспилотното летало на Ерменија од типот X-55 кој реализирал извидувачки лет врз позициите на Азербејџан во линија на фронтот во подрачјето Агдам.
Министерството ги објави фотографиите на срушеното беспилотно летало.