Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
БРАТИСЛАВА (АА) - Словачката полиција пушти седум Италијанци кои вчера беа притворени како осомничени за убиство на новинарот истражувач и неговата девојка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седум машки лица беа уапсени во полициска претрага на куќи кои наводно биле поврзани со италијанската мафија. Од полицијата денес го потврдија нивното пуштање на слобода, но не дадоа никакви детали. Мажите се на возраст од 26 до 62 години. Државното обвинителство одби да го коментира нивното пуштање на слобода.
Телата на Жан Кучиак и неговата девојка Мартина Куснирова се пронајдени во недела вечер во нивниот дом во близина на Братислава. Последната недовршена истражувачка приказна на Кучиак беше за активностите на италијанската мафија на источниот дел на Словачка и нивните врски со луѓето блиски на премиерот Роберт Фицо.
На словачката полиција во истрагата и помагаат ФБИ, британскиот „Scotland Yard" и Европол.
Убиенот Кучиак ќе биде погребан денес.