Handan Kazancı
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа, од почетокот на протестите на 30 март, се зголеми на 135, соопшти Министерството за здравство на Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ешреф ал Кудра, за AA изјави дека за време на протестите во Газа биле повредени повеќе од 15.000 луѓе, а околу 370 повредени се во критична состојба.
„Од вкупниот број повредени, 2.536 се деца и 1.160 жени. Меѓу повредените се и 231 лице од медицинскиот персонал и 175 новинари“, додава Ал Кудра.
Тензиите на Блискиот Исток се интензивираа откако беше преселена Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци, од крајот на март, протестираат на границата на Појасот Газа поради израелската окупација и го бараат правото да се вратат на својата земја.
Демонстрантите бараат да се стави крај на децениската израелска блокада на Газа, која ја уништи економијата на Газа.
Источен Ерусалим (Кудс) и понатаму е во центарот на повеќедеценискиот конфликт на Блискиот Исток.