Ekipa
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Околу 120 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што се шири во северниот дел на Англија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од службата за противпожарна заштита во Ланкашир соопштија дека два големи пожари се споиле поради силните ветрови и екстремно сувите временски услови кои зафатија голем дел од Англија. Пожарот е лоциран на подрачјето на Винтер Хил, 355 километри северозападно од Лондон.
Пожарникарите од Ланкашир доцна синоќа соопштија дека станува збор за големи пожари кои брзо се шират низ сите видови вегетација, вклучувајќи ги и шумите.
Околу 20 возила на противпожарната заштита се на теренот и ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на објектите во близина. Пожарникарите бараат од жителите, поради опасноста, да не се обидуваат да помагаат во гаснењето на пожарите.