Betül Yürük
14 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) е усвоена нацрт-резолуцијата со која се бара заштита на палестинскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералното собрание на ОН одржа специјален состанок по иницијатива на Турција, со поддршка на Алжир, за да се разговара околу нацрт-резолуцијата за Палестина.
На сесијата на Генералното собрание на ОН повторно беше одржано гласање за нацрт-резолуцијата со која се бара заштита за палестинскиот народ, на која САД претходно ставија вето во Советот за безбедност на ОН.
Нацрт-резолуцијата беше усвоена со 120 гласа за, 8 против и 45 воздржани.
Со оваа резолуција се бара од Генералниот секретар на ОН во најкраток можен рок да ја истражи постоечката ситуација, и во рок од 60 дена по усвојување на резолуцијата за која станува збор да поднесе писмен извештај за тоа што треба да се направи за заштитата, безбедноста и благосостојбата на палестинските цивили кои се наоѓаат под окупација на Израел, како и околу предлозите за меѓународните механизми за заштита.