Cüneyt Karadağ
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Во ноември повеќе од 16.000 лица поднеле барање за азил во Германија, кажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека на овој начин бројот на барања, во однос на месец октомври, е зголемен за 965 лица. Меѓу лицата кои поднеле барања се наоѓаат 3.867 Сиријци. Барање за азил во Германија поднеле и 1.768 Ирачани, 966 Авганистанци, 892 државјани на Турција како и 773 лица од Нигерија.
Од почетокот на годината најмногу барања за азил поднеле Сиријците, 43.814 лица.