Cüneyt Karadağ
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Група екстремни десничари во Германија се собраа во пограничните региони за да ги спречат мигрантите да влезат во земјата преку границата со Полска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во специјалниот извештај на германскиот весник „Велт“ се наведува дека екстремните десничари започнале акција за да го спречат влезот во Германија на мигрантите и барателите на азил кои претходно преку Белорусија влегле во Полска.
Поради таа цел се собрале за да патролираат во пограничните подрачја.
Полицијата и жителите на тие подрачја презедоа мерки да ги спречат собирите на околу 120 екстремни десничари во градот Губен на границата меѓу Германија и Полска.
Групата екстремни десничари и покрај тоа се обиде да продолжи со патролите.
Германскиот весник наведува дека се работи за групата позната како „Dritte Weg“ (Трет начин), која во 2013 година беше основана од екстремните десничари.
Губен е град во германската сојузна покраина Бранденбург.