Esin Eşkinat Sayılgan
26 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во вооружен напад во трговски центар во американската сојузна држава Ајдахо загинаа две лица, а повредени се четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција одржана од страна на полициската управа на градот Бојси, се наведува дека вооружен маж во 01:50 часот по локално време отворил оган во „Бојси Тауни“, најголемиот трговски центар во државата, при што загинале две, а повредени биле четири лица, од кои едно лице било полицаец.
Во врска со настанот приведено е едно лице.