Ekipa
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел ги одби сѐ почестите повици за повторно воведување на служењето воен рок, како одговор на истрагата за наводниот десничарски заговор на двајца војници кои планирале да убијат истакнати политички личности, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Ангела Меркел ја укина воената обврска во 2011 година. Меѓутоа, Патрик Сенсбург, истакнат пратеник од конзервативната партија на Ангела Меркел, тврди дека регрутацијата треба повторно да се воведе, бидејќи граѓаните во униформа се сигурен систем за рано предупредување и препознавање на левичарскиот и десничарскиот екстремизам.
Меркел денес изјави дека Германија донела важна одлука за регрутацијата и дека треба да се спроведат неопходните реформи во согласност со таа одлука. Таа додаде дека на Будесверот (германските вооружени сили) му е потребна предвидливост.
Обвинителите веруваат дека војниците сакале да ги обвинат бегалците за планираниот напад. Еден од војниците наводно се претставувал како бегалец од Сирија во периодот додека служел во Бундесверот, односно во вооружените сили на Германија.