Erbil Başay
08 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
БЕРЛИН
Нападите врз муслиманите во Германија во 2020 година се зголемени за 2 проценти во споредба со претходната година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Ознабрикер цајтунг“ („Osnabrücker Zeitung“), германското Министерство за внатрешни работи, одговарајќи на прашањето на Партијата на левицата, информираше дека во 2020 година се извршени најмалку 901 напад против муслиманите, нивните институции и организации.
Исто така во веста се наведува дека нападите за кои станува збор во најголем дел се извршени од крајната десница.
Во нападите повредени се 48 лица, а нападнати се вкупно 77 џамии.
Во Германија, во 2019 година регистрирани беа 884 напади против муслиманите и нивните институции и организации. Со тоа, нападите врз муслиманите се зголемија за 2 проценти во 2020 година во споредба со претходната година.
Ула Јелпке, пратеничката од Левата партија, истакна дека и покрај ограничувањата во јавниот живот поради мерките против епидемијата од коронавирусот (Ковид-19), бројот на нападите извршени врз муслиманите и нивните институции во 2020 година е поголем од претходната година.
Посочувајќи дека бројот може да се зголеми во наредните недели со додавање на непријавените напади, Јелпке рече:
„Омразата на екстремно-десничарските и расистички насилници кон муслиманите се манифестира на различни начини... Смртни закани и физички напади кон имамите, фрлање камења по џамиите, симнување на шамиите на муслиманките или нивно навредување...“
Jeлпке, меѓу другото, додаде дека во реалноста бројките се многу поголеми бидејќи многу напади не се евидентираат затоа што голем број луѓе не поднесуваат кривична пријава до полицијата.